Поврзете се со нас

Англија

Тухел: Нема да ги штедам фудбалерите, се виде дека Артета не мисли на нас

Објавено

на

Foto:x.com/England

Томас Тухел дебитираше како англиски селектор со победа над Албанија со резултат 2:0, но веднаш по натпреварот, германскиот стручњак нагласи дека тоа не било доволно добро и дека во иднина очекува многу повеќе од своите фудбалери.

Во ситуација кога Англија се очекува да има уште полесен испит против Летонија во квалификациите за Светското првенство, прогнозите се дека Тухел ќе комбинира со составот, но англискиот селектор во ниту еден момент не планира да ги поштеди најголемите ѕвезди, со цел да ги зачува за нивните клубови.

Новиот англиски селектор посочи дека ќе го користи секој играч онолку колку што замислил, без да размислува на потенцијалните тешки предизвици на клупски план кои следат во завршните два месеци од сезоната.

– Долго бев клупски тренер и секогаш сум ги прифаќал работите такви какви што се. Никогаш не сум бил инволвиран во работата на еден селектор, никогаш не сум притискал национален селектор да не бира и да не игра мои фудбалери. Секој фудбалер игра за својата репрезентација бидејќи е горд на тоа.

– Никој не е среќен кога ќе се случи нешто лошо, но ние играме квалификациите за Светско првенство и мора да носиме одговорни одлуки. Засега не сум добил повик од ниту еден менаџер во Премиер лигата, а мислам дека и нема потреба. Деклан Рајс го одигра цел втор натпревар против ПСВ, откако на првиот Арсенал славеше со 7:1. Се доби впечаток дека Артета и Арсенал не мислат многу на нас, па така ние треба да си ја гледаме својата работа, – вели Тухел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни