Поврзете се со нас

Германија

Тухел: Не сум единствен проблем во Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на сезоната, одлука која тој и клубот ја донесоа по слабата резултатска серија и неубедливите игри на германскиот првак.

50-годишниот стручњак ја презема функцијата во март 2023 година, а во последната комуникација со медиумите истакнал дека тој не е единствениот одговорен за тоа што се случува во Баерн.

– Не е важно дали ја разбирам одлуката на клубот и дали сум среќен поради истата.

– Не сметам дека сум единствениот проблем, но ја прифаќам мојата одговорност. Не сум задоволен од начинот на кој играме и тоа го чувствувам подолго време.

– Сега имаме друга ситуација, таа е комуницирана со јавноста, но не мислам дека сум единствениот проблем во клубот, – рекол Тухел.

Следен предизвик на Баерн е РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни