Поврзете се со нас

Англија

Тухел најави „реактивирање“ на еден англиски репрезентативец: Ќе зборувам со него

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Англиската фудбалска репрезентација вчера ги дозна ривалите во квалификациите за СП 2026, а тоа ќе бидат и првите ривали на „трите лава“ под водство на новиот селектор Томас Тухел.

Германецот веќе почна да ги дава првите изјави на новата функција, вклучувајќи ја анализата за противниците, но најавил и дека ќе разговара со еден фудбалер за негов камбек во националниот тим.

Се работи за членот на Арсенал, Бен Вајт, кој влезе во конфликт со Герет Саутгејт уште за време на СП во Катар и оттогаш најави дека нема да прифаќа повици за настап во репрезентацијата.

– Ќе зборувам со него, мора да имаме чист и коректен почеток.

– Планирам да ги гледам натпреварите на стадионите, нема да ги оптоварувам фудбалерите, но ќе знаат дека ги следам, – рекол Тухел.

Вајт во моментов не е активен поради операцијата на коленото од која се рехабилитира, но би требало да биде подготвен за првите обврски на англиската репрезентација во 2025 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни