Поврзете се со нас

Англија

Тухел ќе му „украде“ два важни членa на стручниот штаб на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел ќе биде англиски селектор од почетокот на следната година, а периодот до преземање на функцијата го користи за да го состави и стручниот штаб кој ќе работи на одговорната задача.

Германецот има солидно искуство на елитната фудбалска сцена и знае дека мора да собере квалитетни соработници, кои пак ќе бидат ангажирани од Англиската фудбалска асоцијација.

Најновата вест на англиските медиуми е дека Тухел ќе го „украде“ тренерот на голманите на Челси, Енрике Иларио, односно Германецот веќе го убедил долгогодишниот член на стручниот штаб на „сините“ да почне со работа во англиската репрезентација.

Иларио е на актуелната позиција уште од ерата на Антонио Конте, а како голман забележа 39 настапи во дресот на Челси.

За Тухел ова не е единствена „кражба“ од стручниот штаб на Челси, бидејќи претходно успеал да го убеди и Џејмс Мелбурн, чија работа е анализа на перформансите на фудбалерите на премиерлигашот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни