Поврзете се со нас

Франција

Тухел: Ќе ги убиеме играчите

Објавено

на

Вечерва тимот на Пари Сен Жермен му гостува на Нант во првата лига на Франција, средба пред која тренерот на „светците“, Томас Тухел се пожали на распоредот на натпреварите кој според него е неподнослив и може да ги убие играчите.

Дуелот со Нант ќе биде петти за ПСЖ во последните 16 денови, а по истиот ќе следат мечеви против РБ Лајпциг и Рен пред да се замине на интернационална пауза. По враќањето играчите меѓу 20 ноември до крајот на годината ќе одиграат уште 10 натпревари што за Тухел е лудо темпо во кое играчите ќе страдаат.

-Ќе ги убиеме играчите. Тоа е она што секогаш го зборував. Ќе ги убиеме затоа што постои важна врска помеѓу подготовката, перформансите и одморот. Во фудбалот товарот секогаш паѓа на најголемите играчи затоа што тие секогаш ќе играат за својата земја. Тие играат за време на паузата, патуваат и тоа е премногу според мене. Тие немаат фаза на опоравување за да им се овозможи да се вратат и фаза на подготвување. Ова не е тајна, тоа се случува во спортот. Подготовката влијае на повредите и перформансите.

-Без подготовка, играчите се покревки и тешко се управуваат. Ова не е изговор, тоа е вистината. Ќе бараме решенија и се надевам дека некои ќе најдеме, -рече германскиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни