Поврзете се со нас

Германија

Тухел верува дека Кејн ќе го собори рекордот на Левандовски

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн ја продолжи голгетерската серија во Бундеслигата и на вчерашниот дуел со Мајнц, а неговиот тренер Томас Тухел смета дека без проблеми ќе ги надмине бројките на Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач изминатите години доминираше во нападот на Баерн Минхен и го собори и рекордот на Герд Милер, но Тухел е убеден дека Кејн е подготвен да оди чекор понапред.

– Мислам дека Кејн ќе постави многу рекорди, а го прави она што го правел и во целата досегашна кариера.

– Постигнува од сите позиции и е одличен човек, за мене е чест да му бидам тренер, – изјавил Тухел.

По вчерашниот хет-трик, Кејн веќе има 30 гола зад себе на девет натпревар пред крајот на сезоната, а рекордот на Левандовски е 41 гол од сезоната 2020/21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни