Поврзете се со нас

Англија

Тухел ја откри главната причина за резултатската криза на Челси

Објавено

на

Foto: twitter.com/ChelseaFC

Пред само неколку недели Челси имаше подеднакви шанси да стигне до титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити, но последните натпревари му дозволија на ривалот да направи голема двоцифрена предност.

Менаџерот Томас Тухел признава дека тој и неговите фудбалери се исцрпени периодов, а тоа е причината и за вчерашното реми со Брајтон.

– Изгледавме заморено, затоа што сме заморени и против нас имавме расположен и амбициозен противник.

– Ако го погледнете нашиот распоред, јасно е дека имаме проблем, физички и психички сме исцрпени, не можеме да се фокусираме на целта која ја имаме.

– Го чувствувам заморот и на себе. Понекогаш седнувам во автобусот и си велам „Каде одиме?“ Мора набрзина да се рефокусираш и да прашаш каде патуваме, кој е нашиот следен противник и кога играме, – изјавил Тухел.

Германецот им дал два слободни дена на своите фудбалери во пресрет на дербито со Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни