Поврзете се со нас

Англија

Тухел ја испофали својата потценета ѕвезда: Трчаше како куче, не им беше лесно на играчите на Сити

Објавено

на

Челси успеа да направи голем пресврт на „Итихад“ и оствари многу важна победа во обидот да осигура топ четири пласман во Премиер лигата, но што е уште поважно, избраниците на Томас Тухел си ја зголемија самодовербата во дуелите со Манчестер Сити пред големото финале во Лигата на шампионите кое следи на крајот на овој месец.

Сити беше подобар тим во првиот дел и пропушти пенал за да поведе со 2:0, а утката на Агуеро на крајот скапо ја платија избраниците на Пеп Гвардиола, бидејќи Челси не само што израмни, туку и постигна победнички гол во судиското надополнување за 1:2.

Стрелец на погодокот беше Алонсо со доста среќа, но по победата, Тухел посебно ја пофали својата ѕвезда во нападот која во последно време е крајно потценета од цела јавност.

– Сите го критикуваа Тимо, но оваа недела одлично се адаптираше на сите ситуации и донесе два важни резултати за нас. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој е неуморен и немилосрден, тој секогаш сака да даде плус на теренот и пресреќен сум од неговите перформанси, – порача Тухел откако Тимо Вернер асистираше до Алонсо за победничкиот гол, но Германецот не избегна прашања за неговите нови избрзани реакции во завршната третина.

– Да, имаше некои избрзани одлуки, но полесно е да се каже тоа, отколку да се направи. Тој трчаше како куче и не е лесно да останете мирен. Работеше многу, многу напорно во нападот и беше многу важен за нас. Играчите на Сити имаа тешка работа, не им беше лесно со неговите спринтови, – додаде Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни