Поврзете се со нас

Франција

Тухел испофали еден свој играч во отсуство на Нејмар и Мбапе: Снимете видео, ова е за „Златна топка“!

Објавено

на

ПСЖ беше видно ослбаен на вчерашното дерби против Лил кое заврши со најнеполуларниот резултат (0:о), но сепак тренерот Томас Тухел имаше причина за заодоволство и покрај ремито и фактот што не можеше максимално да смета на своите две најголеми ѕвезди.

Нејмар поради повреда го пропушти дербито во Лига 1, додека недоволно залечениот Мбапе доби шанса само во последните 13 минути, нешто што не се покажа како доволно за промена на резултатот по кој интересно сега Лил е лидер во Лига 1.

Тухел како тренер на ПСЖ истакна дека бил максимално задоволен од поставеноста на неговиот тим на теренот, а посебно го испофали капитенот Маркињос кој според него одиграл натпревар кој треба да добие видео анализа кое заслужува „Златна топка“.

– Видов солидно издание од цел тим, со тоа што нивото кое го прикажа Маркињос беше извонредно. Можете слободно да направите видео од неговиот натпревар и да го покажете на цел свет. Ова е издание за „Златна топка“.

– Тој може да се прилагоди во секаква улога, може да се промени во текот на мечот, го покажа тоа во овие 90 минути против Лил. Навистина не можам да сфатам како не се најде во тимот на годината кој го состави ФИФА, тоа е неверојатно, – порача Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни