Поврзете се со нас

Англија

Тухел инсистира дека Челси може до титулата: Не можеме да се ограничуваме…

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас  Тухел испрати амбициозен коментар пред натпреварот со Ливерпул кој многу ќе им значи во битката за место во топ 4 оваа сезона.

Челси не е биден шампион на Англија од 2017 година, а претходните години беа доста далеку од титулата. Сепак, Тухел се надева дека од следната сезона тимот ќе може да атакува на првата позиција на табелата затоа што сите клубови ќе започнат со нула бодови на своето конто.

Во моментов Челси е 21 поен зад лидерот и веројатно нов шампион во Англија, Манчестер Сити, а Тухел истакна дека тоа не смее да им биде изговор во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

– Не треба да се ограничуваме и не треба да се подготвуваме за изговори. Разликата покажува како стојат работите и добро е да погледнеме во реалноста. Треба да се притискаме до крајност и не треба да ја прифаќаме идејата за пораз од самиот почеток.

– Дали ќе ја намалиме разликата со Манчестер Сити оваа сезона? Не, нема, но следната сезона ќе започнеме со нула поени, сите ние. Манчестер Сити имаа проблеми оваа сезона и никој не го искористи тоа. Докажано е во спортот дека може да направиш неверојатни работи доколку го фатиш вистинскиот момент, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни