Поврзете се со нас

Англија

Тухел: Имавме добри резултати, но сега го имаме тоа што ни недостасуваше

Објавено

на

Челси ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите со не толку убедлива победа на домашен терен, но сепак избраниците на Томас Тухел успеаја да ја остварат примарната цел и го совладаа Зенит.

Европскиот првак славеше со минимални 1:0 во натпревар на кој единствениот гол го постигна најголемото летно засилување, извонредниот Ромелу Лукаку кој продолжи со својата серија на реализации по режираниот кам-бек во англискиот клуб.

Белгиецот ја направи главната разлика на теренот, а на тесни натпревари какви што се оние во Лигата на шампионите, Тухел е свесен дека тоа може да биде огромен плус за него и неговите избраници.

– Натпреварот со Зенит не беше лесен за Лукаку, не создадовме доволно шанси за него, но тој повторно направи разлика. Тој е тип на играч кој не ја губи самодовербата и кога не добива многу топки во нападот. Поради тоа тој е напаѓач од светска класа.

– Тој е супер важен за нас во актуелниот тим, толку е едноставно да се каже тоа. Победувавме и без Лукаку, имавме извонредни резултати, но сега го добивме тоа што ни недостасуваше. Не само поради талентот кој го поседува, туку и поради карактерот и се она што го носи на теренот и во соблекувалната, – порача Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни