Поврзете се со нас

Франција

Тухел има огромни проблеми пред двата меча во три дена: Мбапе е седмата ѕвезда на ПСЖ со коронавирус

Објавено

на

Фудбалската сезона која стартуваше во Франција, а која треба да започне и во другите најсилни земји во светот дефинитивно нема да има нормален тек, а тоа може да се заклучи од првите неколку кола во Лига 1.

Тренерите ќе мора да се соочат со непредвидени отсуства на фудбалерите поради позитивни корона тестови, а во овој момент, најпогоден од таа гледна точка е вицешампионот на Европа.

Томас Тухел сигурно нема да може да смета на многу ѕвезди на двата натпревари кои следат во период од неколку дена, најпрво на оној против Ленс во четврток, а потоа и оној против Марсеј во големото дерби в недела.

Француската Федерација соопшти дека Килијан Мбапе е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти утрешниот меч против Хрватска, а со тоа младата ѕвезда им се приклучува на Нејмар, Икарди, Ди Марија, Паредес, Навас и Маркињос, фудбалери кои веќе имаат позитивни тестови.

– Килијан Мбапе нема да учествува на утрешниот меч против Хрватска како последица на позитивен корона тест. Тестот кој му го направи УЕФА ова утро беше позитивен и веднаш беше отстранет од групата, – гласи објавата на Французите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни