Поврзете се со нас

Германија

Тухел и Баерн тргнуваат по трет англиски фудбалер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен може да биде задоволен од инвестицијата во Хари Кејн, а во актуелниот преоден рок успеа да доведе уште еден досегашен играч на Тотенхем.

Томас Тухел ќе смета на дефанзивецот Ерик Дајер кој исто така прифати да се пресели во Германија, додека истовремено сака да го комплетира англискиот „хет-трик“.

Тухел и раководството на Баварците се активирале за потписот на Киран Трипиер, кој е еден од најважните играчи на Њукасл и фудбалер кој може да му помогне на Баерн.

Бундеслигашот е во потрага по десен бек, а Трипиер се покажа како одлично решение за Њукасл на оваа позиција и со своите игри го привлече вниманието и на други клубови.

Она што не оди во корист на премиерлигашот е што договорот на Трипиер истекува во 2025 година, па годинава е последна можност да се заработи одредена сума за неговиот трансфер. Финансискиот фер плеј истовремено е голем притисок за клубот, кој е во позиција да не одбива трансфери ако добие соодветна сума за фудбалерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни