Поврзете се со нас

Германија

Тухел го потврди новото засилување на Баерн Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Раководството на Баерн Минхен успеа да најде решение за позицијата десен бек, па по многу шпекулации поврзани со Трипиер и Мукиеле, во редовите на германскиот шампион ќе пристигне Саша Бое.

Французинот досега настапуваше за Галатасарај, а го привлече вниманието на скаутите на повеќе европски клубови со своите одлични натпревари во Лигата на шампионите и посебно во дуелите со Манчестер Јунајтед.

Тренерот Томас Тухел денеска го потврдил ангажманот на Бое, но и фактот дека тој допрва ќе треба да ги помине лекарските прегледи и да го заврши административниот дел во пресрет на дебито.

– Наша желба беше да го ангажираме и тоа е јасно. Сепак, тој се уште не ги поминал лекарските прегледи, па не можам да зборувам нешто повеќе на оваа тема, – изјавил Тухел.

Германски „Скај“ тврди дека Баерн ќе плати околу 28 милиони евра за трансферот на 23-годишниот Французин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни