Поврзете се со нас

Англија

Тухел го испофали најновото засилување на Јунајтед: Многу љубезен и речиси срамежлив човек кој живее за…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ќе му гостува на тимот на ПСЖ во текот на утрешниот ден во дерби пресметката од првото коло од Лигата на шампионите.

„Светците“ се фаворити против англискиот клуб за кого ова е враќање во најелитното друштво откако минатата сезона играа во Лигата на Европа.

Јунајтед на самиот финиш на трансфер периодот го ангажираше Единсон Кавани кој до лани го носеше дресот токму на ПСЖ.

Во Манчестер Јунајтед очекуваат многу од Уругваецот, а дека фудбалерот може да им понуди многу потврди и стратегот на ПСЖ, Томас Тухел кој упати низа пофалби за искусниот напаѓач.

– Еди е многу љубезен дури и срамежлив човек. Навистина работи напорно. Тој доаѓаше на секој тренинг прв и седеше до последната минута. Секој натпревар го играше од првата до последната секунда, секогаш можевте да се потпрете на него.

– Тој живее за головите, живее за постигнување голови. Кога ќе даде гол, кога ја има потребната самодоверба тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот.

– Се надевам тоа ќе го покаже и во Јунајтед, не утре, но од среда па натака може да почне да ве убедува сите. Немам ништо против тоа, но утре не е неопходно да докажува дека сум во право, -изјави Тухел.

Кавани нема да има можност да ги потврди зборовите на Тухел затоа што остана во Манчестер додека останатиот дел од тимот веќе отпатува за Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни