Поврзете се со нас

Свет

Тухел ги „поздрави“ Нејмар и Мбапе: Во ПСЖ бев како министер за спорт, во Челси добив нешто поинакво!

Објавено

на

Томас Тухел не беше доволно ценет во ПСЖ и заработи отказ уште пред истекот на првиот дел од сезоната минатата година, но само неколку месеци подоцна, неговите работодваци од Париз мораа да гледаат како тој го подига трофејот во Лигата на шампионите како менаџер на Челси.

Германскиот стручњак на најдобар можен начин ја преслика својата фудбалска филозофија во лондонскиот тим и буквално го препороди составот кој се мачеше под водство на Френк Лампард, па во период кога се наближува една година од денот кога го презема Челси, привлече големо внимание со својата последна изјава за ПСЖ.

Во специјалното издание на „Газета“ насловени „Спортвик“, Тухел говори за тоа каква голема разлика постои меѓу ПСЖ и Челси, но не пропушти да ги „поздрави“ и Нејмар и Мбапе кои беа убедливо најголеми ѕвезди во тимот под негово водство.

– Во ПСЖ многу често се чувствував како министер за спорт. Морав да се справувам со фамилиите и пријателите на големите ѕвезди. Многу е полесно да се тренира Лукаку, отколку Нејмар и Мбапе. Во мојот ПСЖ, Нејмар беше клучниот играч, во нападот и одбраната. Секогаш верував во него кога доаѓаа големите натпревари.

– Сепак, тоа што го немав во ПСЖ, го имам во Челси. Во Челси се работи многу помирно, ми дозволија да ги развијам сите елементи на мојата филозофија, сето тоа поддржано од студиите на Ханс Улрих Гимбрехт, – открива Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни