Поврзете се со нас

Германија

Тухел донел конечна одлука за својата иднина во Баерн по отказите кои ги добија Кан и Брацо

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен 11-ти пат во низа стигна до трофејот во Бундеслигата и стана старо-нов национален шампион, но оваа сезона шампионската битка беше најнеизвесна во последната деценија.

Баварците не зависеа сами од себе во последното коло и чекаа услуга од Мајнц, која на крајот ја дочекаа и со победа во Келн стигнаа до нов голем успех и прослава на Мариенплац во Минхен.

По освоениот трофеј во саботата, истиот вчера беше презентиран на сите навивачи во центарот на Минхен, но поради турбуленциите кои се случија во саботата, се појавија и сериозни шпекулации дека Томас Тухел може да си оди од клубот после неполни три месеци.

Тухел пристигна во Баерн по убедување на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, а бидејќи тие заработија откази на денот кога се освои титулата, Диди Хаман се јави со тврдење дека и Томас ќе го следи нивниот чекор.

Сепак, ова попладне пристигна демант на ваквата информацијата, бидејќи Тухел донел конечна одлука да остане во клубот, без оглед на заминувањата на важните директори.

По разговорот кој го имал со претседателот Хајнер и почесниот претседател Хенес, било договорено Тухел да не заминува на одмор и да остане во Минхен во наредните десет дена во кои ќе се направат планови за следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни