Англија
Тухел: Добро ми оди математика, знам во каква ситуација сме

Томас Тухел е свесен дека Челси во овој момент е далеку на 12 бода од Манчестер Сити кој е на првото место на табелата, со напомена дека актуелниот првак има и натпревар помалку со оглед на турбуленциите кои настанаа во Премиер лигата со доста одложени средби.
Челси има само една победа на последните пет натпревари во Премиер лигата и се доведе во ситуација да почне да размислува за борба за четвртото место, бидејќи претстојното дерби со Тотенхем слободно може да се окарактеризира како такво со оглед на бодовната ситуација.
„Сините“ имаат осум бода повеќе од Тотенхем во овој момент, но „петлите“ имаат четири натпревари помалку како петтопласиран тим на табелата и сигурно дека победа на „Стемфорд Бриџ“ би бил голем удар за тимот на Тухел.
– Добро ми оди математика и знам во каква ситуација сме. Знам дека пред нас е многу авжен натпревар. Чудно е што некои тимови се блиску до нас во позадина иако имаат четири натпревари помалку.
– Добивате впечаток дека сте доста далеку поради бодовната разлика, а всушност немате никаква предност. Ќе биде најдобро да победиме, знам какво е ривалството меѓу двата клуба и знам што не чека. Имавме два дена слободни по последниот меч, сметав дека тоа е добро за одмор на играчите. Ќе го направиме истото и по мечот со Тотенхем без оглед на исходот, – изјави Тухел.
-
Македонијапред 4 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 20 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 17 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата