Поврзете се со нас

Светски првенства

Тухел доби лоша вест по првите репрезентативни натпревари: Му се повреди моторот на тимот

Објавено

на

Стратегот на Челси, Томас Тухел ги доби најлошите вести што можеше да ги очекува и тоа веднаш по првото коло од квалификациите за Светското првенство што во 2022 година ќе се одржи во Катар.

Имено, од француската репрезентација потврдија дека најдобриот играч на Челси, Енголо Канте заработил повреда на тетивата и поради тоа ќе мора да се врати во Лондон  и да ги прескокне останатите натпревари.

Добра работа во целата оваа ситуација претставува тоа што повредата не е од посериозен карактер, но ќе бара мирување од извесен период, па не е познато дали Канте ќе биде подготвен за следниот предизвик на Челси во Премиер лигата.

– Енголо Канте нема да биде дел од следните два натпревари за француската репрезентација против Казахстан и Босна и Херцеговина. Фудбалерот на Челси почувствува болка во тетивата на левиот мускул пред крајот на натпреварот со Украина. По деталните испитувања беше заклучено дека не станува збор за голема повреда, но во консултација со докторот Франк Ле Гал, одлучивме Канте да се врати во својот клуб, -стои во соопштението од фудбалската федерација на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни