Поврзете се со нас

Англија

Тухел даде објаснување за завршната тензија со Конте и откри што значел неговиот гест

Објавено

на

Foto:chelseafc.com

Големото лондонско дерби меѓу Челси и Тотенхем заврши без победник, донесе голема возбуда и тензија на теренот, но отвори и големо ривалство меѓу двајцата менаџери кои попладнево приредија циркус за паметење.

Хари Кејн по вторпат го неутрализираше Челси на денешниот меч со голот за 2:2 во 96-та минута, но цела англиска јавност говори за двете рунди кои ги режираа Антонио Конте и Томас Тухел.

Двајцата менаџери најпрво се „закачија“ при голот за 1:1 на Хојбјерг и беа разделувани од судиите и резервите, но тензијата продолжи и по последниот судиски свиреж на Тејлор.

Главниот арбитар им подели црвени картони на двајцата, бидејќи Германецот и Италијанецот влегоа во клинч и при завршниот поздрав.

– Кога се ракуваш со некој, мислам дека убаво е да се гледате во очи, очигледно Конте има поинакво мислење. Не беше потребно тоа што го направивме, но многу работи не беа потребни денеска, – изјави Тухел на првото интервју по дербито, со што ја објасни и својата гестикулација која ја направи додека беше во клинч со Италијанецот.

– Ако го видам подоцна, би се поздравил со него, ако не, следниот пат. Не правете голема работа од ова, ова е фудбал и тензија од еден меч, а ние сме двајца емотивни менаџери, – додаде Германецот.

Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни