Поврзете се со нас

Англија

Тухел без двајца важни играчи во големото дерби против Сити: Велевте дека не можам да го победам Пеп….

Објавено

на

Томас Тухел е свесен дека новата пресметка против Манчестер Сити го збогуватува неговото ривалство со Пеп Гвардиола, тренер против кого немаше остварено ниту една победа пред пристигнувањето во Англија.

Откако потпиша за Челси, Германецот оствари три победи на три меча против тимот на Гвардиола, вклучувајќи го и големото финале во Лигата на шампионите кое се одигра на крајот на минатата сезона.

Саботната програма во Премиер лигата ќе биде отворена токму со големото дерби на „Стемфорд Бриџ“, а покрај тоа што Тухел нагласи дека максимално го почитува Пеп, откри дека нема да може да смета на двајца важни играчи.

– Не толку одамна, слушав гласови кои постојано ми велеа дека не знам како да го победам Пеп. Но, ако гледаме искрено на последните три меча, сите беа 50-50 и на моменти одлучуваше и среќата. Не очекувам ништо поинаку и утре, ќе биде меч со 50-50 шанси за двата тима. Знаеме што да очекуваме и знаеме дека ќе ни биде многу тешко. Имаме огромен респект кон Пеп, јас сум негов голем фан за влијанието кое го имаше во фудбалот. Влијанието кое го имаше и трофеите кои ги освои доволно говорат за него, нема потреба да ме прашувате дали сум подобар тренер од него. Јас сум подобар тренер од тоа што бев вчера и тоа ми е доволно, – изјави Тухел и додаде.

– Пулишиќ нема да игра утре, а истото за жал важи и за Мејсон Маунт. Овој меч стигна пребрзо, има мала повреда од мечот со Астон Вила. Направи голем напредок вчера и денес, но утрешниот меч доаѓа пребрзо. Маунт е навистина разочаран, не знаев дека има мала повреда против Астон Вила и го одигра цело второ полувреме, па дури и шутираше пенал. Од друга страна, голманот Менди се враќа за овој меч и е подготвен за настап, – откри Германецот во пресрет на дербито кое се игра утре попладне во 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни