Поврзете се со нас

Англија

Тухел: Бев сигурен дека ќе победиме, ама не можевме

Објавено

на

Составот на Челси загуби уште едно финале од Ливерпул во оваа сезона и тоа на ист начин по изведување на удари од 11 метри.

„Сините“ прво беа поразени во англискиот Лига Куп, додека пак вчера одново мораа да му честитаа на противникот во ФА Купот. Немаше голови по 90 монути, продолженијата, па мораа да се изведуваат пенали во кои како клучна се покажа одбраната на Алисон при ударот на Маунт, а потоа и реализацијата на Цимикас.

Стратегот на „сините“, Томас Тухел жали за исходот од средбата на „Вембли“ затоа што верувал дека тие се тимот кој ќе го крене трофејот.

-Како по финалето на Лига купот, не жалиме. Им кажав на играчите дека сум горд, се гордеев со нив уште пред натпреварот. Бев среќен што сме во финалето, што дојдов во решавачкиот меч со оваа група играчи и важно беше што бевме рамноправни на натпреварот

-Се мачевме во првите 15 минути и потоа бевме одлични до самиот крај. Одигравме 0:0 со тим кој можеби го има најопасниот напад на светот. Имавме и многу шанси. Ливерпул ја заслужи победата. И тоа го направивме и на крајот повторно загубивме на пенали. Секако дека сме разочарани, но во исто време сум многу горд, -рече Германецот и додаде:

-Бев сигурен дека ќе победиме, имавме свои шанси, моментумот беше на наша страна и до последен момент мислев дека ќе победиме. За жал, згрешив. Мислевме дека тоа го заслужуваме и дека ќе победиме, но не можевме. Всушност, бев импресиониран од тоа како двете екипи се претставија во финалето, мислам дека тоа е вистинскиот начин и дека сите покажавме голема посветеност, -заклучи Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни