Поврзете се со нас

Германија

Тухел бесен по поразот на Баерн: Не изгледавме како тим кој ја сака титулата…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен не го оправда статусот на фаворит на пресметката со Вердер Бремен, поточно забележа шокантен пораз од 1-0 и со тоа му овозможи на Баер Леверкузен да направи уште поголема разлика во борбата за пехарот во Бундеслигата.

„Баварците“ не беа на посакуваното ниво, многу ретко се случува тие да останат без даден гол на „Алијанц Арена“, па сосема очекувано тренерот Томас Тухел беше бесен и разочаран по средбата во Минхен.

-Во првите 70 минути не изгледавме како тим кој сака да победи и да игра за титулата. Вердер ја заслужи титулата. Дозволивме премногу контра напади, изгубивме премногу дуели, ја загубивме структурата. Имаше многу малку позитивна енергија. Бевме невешти и статични. Не е доволно. Не можам да објаснам зошто толку многу играчи не беа на нивоата што ги покажаа на тренинзите, -истакна Тухел.

Наредната средба за Баерн е онаа заостанатата против Унион Берлин од 13. коло, средба која ќе се одигра на 24 јануари од 20:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни