Поврзете се со нас

Светски првенства

Тудор за терминот за СП: Го мислам истото како и секој тренер

Објавено

на

Зад нас е треминот посветен на репрезентациите, односно се враќа клупскиот фудбал со тоа што секако најмногу внимание привлекува оној најквалитетниот, најелитниот.

Пред тимовите е навистина луд, пеколен распоред до ноември кога е закажано Светското првенство во Катар кое се игра во необичен термин. Сите екипи ќе имаат по скоро три натпревари во неделата што јасно говори дека играите ќе мора максилано да се потрошат, а тоа не му се допаѓа на предводникот на Олимпик Марсеј, Игор Тудор.

-Не сакам тоа да се толкува како само јас да сум лут поради тоа, но мислам дека како дел од овој спорт имам право на мое мислење. Не можам сам да влијаам на тоа, но можам да кажам дека секој тренер во светот мисли исто како и јас за распоредот.

-Фудбалот е се повеќе и повеќе е чиста работа и тоа е нешто на што очигледно мораме да се навикнеме, -вели Хрватот кој ќе мора да најде начин да го спреми Марсеј за дуелите со Анже, Спортинг, Ајачио, Спортинг, ПСЖ, Ленс, Франкфурт, Стразбур, Тотенхем, Лион и Монако, дуели кои треба да се одиграат до 13 ноември.

Инаку мундијалот во Катар се игра од 20 ноември до 18 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни