Поврзете се со нас

Италија

Тудор со конкретна забелешка во победата на Јувентус: Очекувам повеќе од нив

Објавено

на

Фото: https://x.com/juventusfc

Јувентус успеа да го победи Лече во натпревар од Серија А, но завршницата донесе нервоза во домашниот тим и ризик од примање втор гол и испуштање нови бодови во дуелите со екипата на Марко Џампаоло.

Тренерот Игор Тудор по натпреварот го дал својот прв коментар за тоа што го видел на теренот, посочувајќи дека не е задоволен од ефектот на фудбалерите кои влегле од клупата.

– Не сакам луѓето да мислат дека не сме среќни со постигнатиот резултат, едноставно треба да научиме нешто и да го искористиме натпреварот како лекција.

– Ова посебно важи за фудбалерите кои влегоа во вториот дел, мора да дадат повеќе, очекувам повеќе од нив и тоа треба да го сфатат.

– Одигравме добро 80-тина минути, нивниот гол создаде тензија, но во ред е, одиме понатаму, – рекол Тудор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни