Поврзете се со нас

Европски првенства

Тудор: Како навивач се надевам на победа на Хрватска, но како тренер…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Игор Тудор имаше кратка авантура во Лацио и повторно стана слободен агент, но поради искуството кое го насобра како стручњак во Италија, познатиот тренер навистина има за право да го најави големото дерби кое се игра вечерва.

Хрватска ќе оди во осминафиналето само во едно сценарио и „коцкестите“ мора да остварат победа, додека Италија е добитна во две од три сценарија, нешто што според Тудор е преголема предност на една ваква голема сцена.

– Како навивач се надевам дека Хрватска ќе победи, но како тренер ќе кажам дека Италија има голема предност. На Италијанците им одговараат два од три резултати и тоа е значајна предност во секој случај.

– Заминување на Далиќ по ЕП? Знаеме дека тренерите не траат вечно на највисоко фудбалско ниво. Народот знае дека оваа генерација даде се од себе и сите сме подготвени да ги поддржиме уште еднаш.

– За противник ќе имаме одлична селекција, но и еден од најдобрите тренери во светот на тактичка гледна точка. Често слушам дека се потребни години за да се изгради идентитет кај еден тим, тоа е обично срање. Спалети пристигна во Италија и веднаш се познава неговиот печат во играта на Италија, – смета Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни