Поврзете се со нас

Италија

Тудор го напушта Лацио по само три месеци

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Игор Тудор експресно ќе ја заврши етапата во Лацио, односно ќе го напушти членот на Серија А по само три месеци соработка.

Досегашните шпекулации полека се потврдуваат, а медиумите на „чизмата“ тврдат дека главна причина е фактот што хрватскиот стручњак влегол во конфликт со дел од раководството, дел од првотимците и ултрасите на Лацио.

Идеите на Тудор околу преодниот рок донеле различни ставови со спортскиот директор и сопственикот Клаудио Лотито за иднината на дел од фудбалерите, па двете страни сфатиле дека нема простор за соработка и во новата сезона.

Тудор беше доведен како наследник на Маурицио Сари и успеа да постигне солидни резултати во месеците во кои го водеше римскиот клуб.

На италијанската фудбалска сцена летово се случија неколку тренерски рокади, во кои Мота, Паладино и Италијано ќе имаат нови клубови, а нејасно е кого би ангажирал Лацио како замена за Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни