Трпковски и Мицковски освоија златни медали за Специјална олимпијада Македонија

mikovski-trpkovski-so

Марио Мицковски и Стефан Трпковски освоија златни медали како членови на Специјална олимпијада Македонија на Светските летни олимписки игри кои се одржуваат во Абу Даби.

Македонските претставници беа најдобри во своите натпревари во пливачката дисциплина 50 метри слободен стил, остварувајќи голем успех на овој најголем спортски настан од хуманитарен карактер.

Светските летни олимписки игри траат до 21. март, на неа учествуваат повеќе од 7.000 спортисти, а Специјална олимпијада Македонија е претставена од 26-члена делегација во повеќе спортови.

Facebook Коментари