Поврзете се со нас

Англија

Тросар со среќен гол ги олесни работите за Арсенал, „топчиите“ повторно на врвот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал остави многу лоши седум дена зад себе во кои претрпе порази од Астон Вила и Баерн Минхен, па затоа Микел Артета натпреварот против Вулверхемптон го означи како вистинско финале.

Тимот од Северен Лондон имаше императив да освои три бода по секоја цена, а најдобра вест за Артета е што неговите фудбалери одговорија позитивни и не ја продлабочија негативната мини серија.

Арсенал беше подобар тим на „Молину“ и во раната фаза на мечот создаде неколку шанси за водство, но мора да се признае дека се заканија и „волците“ кои ја погодија стативата.

Кога се чинеше дека на пауза ќе се замине со 0:0, Белгиецот Тросар постигна среќен гол и покрај тоа што доста лошо ја зафати топката, но овој погодок симна голем товар од играчите на Арсенал.

Гостите го исконтролираа домаќинот во вторите 45 минути и се обидуваа да ја решат работата со втор гол, а во тоа успеаја дури во судиското продолжение кога Одегард ги постави конечните 0:2.

Со оглед на тоа што Сити денеска играше во ФА Купот, новите три бода значат дека Арсенал се враќа на врвот на табелата во Премиер лигата, каде сега има бод повеќе, но и натпревар повеќе од актуелниот шампион.

Головите погледнете ги ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни