,,Тролањето” на Англија не застанува: ,,Бритиш Ервејс” со задоволство вози лузери од 1966″…

angiski-fanovi

Англиската репрезентација не успеа да направи подвиг и изгуби од Хрватската репрезентација. ,,Коцкестите“ во продолжението, благодарение на снаодливоста на Манџукиќ успеаа да слават  над Англија со 2-1 и да ги спречат во остварувањето на сонот на оваа млада генерација. Овој пораз беше многу горчлив за четата на Герет Саутгејт, кој добро го водеше ,,Гордиот Албион” низ целиот Мундијал, се до моментот против Хрватска.

Како да не им беше доволно поразот, па сега се јави и интернет заедницата со коментари, во кои на секаков можен начин ги тролаат Англичаните.

Интернет заедницата реши да ја искористи најпеената навивачка песна ,,Football’s Coming Home“ и врз база на таа песна да ги ,,истрола” Англичаните.

 

Facebook Коментари