Поврзете се со нас

Лига на нации

Трол на вечерта: Камерата едвај го „улови“ нискиот Азар (Видео)

Објавено

на

Белгија и одржа фудбалска лекција на Полска и славеше со високи 6:1 во Брисел, натпревар кој имаше доста неочекуван тек бидејќи гостите беа тие први кои поведоа.

Роберт Левандовски погоди за 0:1 по одлична тимска акција, но ова беше се што направија Полјаците на мечот во кои дури шест пати ја вадеа топката од својата мрежа.

Во продолжение доминираше само еден тим и петорица различни фудбалери се запишаа во листата на стрелците, а еден од најактивните беше и Еден Азар.

Капитенот имаше импресивно издание на теренот и го разигруваше својот тим, но покрај тоа што асистираше до Де Брујне при голот за 2:1, ќе го памети овој меч и по тролањето кое настана на социјалните мрежи.

Имено, официјалната телевизиска камера направи да има огромен сеир на неговата сметка, бидејќи при интонирањето на химната, нискио Еден едвај беше „уловен“ и не беше целосно покажан во кадарот……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни