Поврзете се со нас

Македонија

Тројката на Мулалиќ му донесе победа на Работнички во дербито со МЗТ

Објавено

на

Работнички успеа да го победи МЗТ Скопје (74:75) во натпревар од македонското кошаркарско првенство, а решавачки момент беше тројката на Мирко Мулалиќ на 25 секунди до крајот.

МЗТ одигра подобро во првиот период кој го доби со 21:13, но Работнички возврати во вториот за минимална предност на полувреме за домаќините (41:40).

Работнички беше подобра екипа во третиот период, но и двете екипи не направија поголема предност од пет поени, па вечното скопско дерби влезе во неизвесна завршница.

По тајм-аутот на Работнички при водство 74:72 за МЗТ, одговорноста ја презеде Мулалиќ кој со тројка ги донесе гостите до минимална предност.

Аеродромци не успеаја да реализираат во последниот напад, а не можеа да дојдат ни до пенал завршница, бидејќи имаа уште три лични грешки до излегување од бонусот, па Работнички успеа да го потроши времето со три уфрлувања на топката во игра.

Мулалиќ и Бундовиќ со по 16 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека кај МЗТ Мекиќ реализираше 18 поени, додека Гравет и Крстевски уфрлија по 15 поени.

Во вториот натпревар во истиот термин, Еуро Никел и Куманово играа крајно возбудлив натпревар кој замина во продолжение, а на крајот повеќе нерви имаа домашните кошаркари. Кавадарчани победија со 112:111 во еден од ретките натпрвари со преку 200 поени во нашата лига, а на тој начин ја продолжија импресивната победничка серија која ги одржува на врвот во македонската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни