Поврзете се со нас

НБА

Тројкашката симултанка на Струс ја воодушеви цела Америка: Пет тројки во низа за победа над Дончиќ и компанија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/cavs

Макс Струс се претвори во најкоментирана личност во американската спортска јавност поради неверојатната тројка која ја постигна со звукот на сирената, а која му овозможи на Кливленд да му нанесе болен пораз на Далас.

Дончиќ и соиграчите имаа се на своја страна да остварат тесна победа, но Струс не мислеше така и погоди тројка од својата половина за победа на Кавалирси од 121:119.

Драматичниот крај на натпреварот ќе се прераскажува во Кливленд уште подолго време, не само поради лудата и нереална тројка на крајот, туку и поради она што претходеше.

Струс беше неверојатно шутерски расположен и постигна пет тројки во низа во самата завршница на мечот, со тоа што најдобро го задржа за самиот крај и последната акција.

Макс забележа 21 поен на овој меч, а до нив стигна испорачувајќи седум тројки….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни