Со тројка во последните секунди: Димитријевиќ и Хувентуд забележаа голема победа во битката за опстанок (Видео)

nenad-huventud

Екипата на Хувентуд за која настапува Ненад Димитријевиќ дојде до уште едно славје во шпанското првенство со кое комплетно се врати во трката за опстанокот во елитната конкуренција.

Клубот од Каталонија славеше на гостувањето кај Сан Пабло Бургос со 80-79 со тројката на Кулвиетис во последните секунди на средбата. Токму херојот Кулвиетис со 17 поени беше најпрецизен кај Хувентуд, Конгер уфрли 16, а на 14 застана Џордан.

Димитријевиќ за осум минути на паркетот уфрли два поени (1/1 за два, 0/1 за три), 1 скок и 1 асистенција. Најпрецизен играч кај домаќините пак беше Џенкинс со 16 поени.

Хувентуд на 5 кола до крајот на АЦБ лигата има 16 поени и е на 15 место.

Facebook Коментари