Поврзете се со нас

Свет

„Тројка“ на Поповски против Криенс

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски и неговиот Цирих влегоа во криза во швајцарското првенство, а најдобар доказ за тоа се трите натпревари без победа.

Во последново коло Цирих како гостин загуби од Криенс со 25-22, односно од тим кој е послабо пласиран на прволигашката табела. Како клучно се покажа првото полувреме во кое домаќините се стекнаа со позитива од пет погодоци (15-10), минус кој ривалот не успеа да го надополни во вторите 30 минути.

Харбуз со седум погодоци и голманот Запонсек со 18 интервенции беа најдобри поединци кај победникот, Мехди кај поразените даде пет голови.

Нашето крило Поповски реализираше три од петте обиди на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни