„Тројка“ на Лазаров во дерби победата на Нант

kire nant

Составот на Нант конечно се стабилизира и почна да ги бележи посакуваните резултати како во Францијата така и во Лигата на шампионите.

Овој пат забележан беше триумф во домашниот шампионат, поточно Кире Лазаров и неговите колеги беа подобри од Ним со 33-25 во дербито на 11 рунда.

Домаќините имаа фантастично прво полувреме во кое комплетно го надиграа противникот правејќи разлика од осум голови (18-10), па по паузата им беше многу полесно и рутински го сведоа мечот до самиот крај.

Голманот Димулан со 16 одбрани беше најдобар поединец, Лазаров пак имаше скромен ефект од три голови од осум обиди.

Нант со учинок од 7 победи и 4 порази е на 4 место на табелата.

Facebook Коментари