Поврзете се со нас

Балкан

Тројца Македонци се најдоа во топ изборот на најдобри странци во историјата на хрватската лига

Објавено

на

Еден од најреномираните хрватски медиуми „Индекс“ состави листа од од 20 најдобри странски фудбалери кои играле во нивното првенство, група во која се најдоа и три многу добро познати македонски имиња.

Оваа листа е направена по повод три децении од постоењето на хрватската фудбалска лига, период во кој многу Македонци играле во ХНЛ или севкупно кога се во прашање странците ние сме на третото место зад Босна и Херцеговина (242) и Бразил (69) со 55 играчи.

Од нив за тројца има место во Топ 20 изборот и тоа се Аријан Адеми, Илија Несторовски и Гоце Седлоски кој е единствен од оваа тројка која сега не е активен, односно е тренер и го води Шкупи.

На оваа анкета меѓу имињата се Олмо, Видука, Куфре…и вие можете да го дадете вашиот глас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни