Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тројца Македонци имаа одличен почеток во ЛШ

Објавено

на

Тројца македонски интернационалци, Крсте Велкоски, Кристијан Тошевски и Филип Најдовски имаа позитивен старт и ја минаа првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Велкоски со својот Сараево славеше во Велс над Конакс со 2-0 со погодоците на Татар. Следен предизвик за Крсте и компанија ќе биде преставникот на Белорусија, Динамо Брест.

Инаку репрезентативецот на вечераната средба ги одигра завршните 20 минути.

Поранешните вардарци, Кристијан Тошевски и Филип Најдовски пак беа активни низ сите 90 минути на средбата на која нивната Тирана како гостин славеше над Динамо Тбилиси. Албанскиот првак победи со 2-0 и со тоа закажа натпревар против Црвена Звезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни