Поврзете се со нас

Карате

Тројца каратисти од Макпетрол меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година

Објавено

на

Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје ги прогласија најуспешните спортисти за 2021 година. Нормално, освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски, во младинска категорија помеѓу десетте добитници каратистот Стефан Стојановиќ од Макпетрол беше прворангиран, тој е најдобар млад спортист на градот Скопје.

Каратистот Петар Заборски на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, со тимот во борби го освои седмото место, што е извонреден успех ако се има предвид дека имаше 115 држави учеснички.

На Македонија и требаше победа против Узбекистан за да се бори за бронзениот медал на СП, што ќе беше најголем успех во историјата на македонското карате во борби екипно. Нашата репрезентација успеа да ја совлада силната репрезентација на Германија, потоа беше поразена од Србија, а во репасажот извојува победа над Швајцарија и доживеа пораз од Азербејџан, во голема мера потпомогнат од судиите.

Петар Заборски имаше забележителен настап и тој успеа во поединечниот дел да извојува три победи а за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгијанецот Квентин Маходен. Така ќе беше многу близу до борбата за медал. Како најдобро рангиран македонски каратист настапи и на квалификациите за Олимписките игри во Токио кои се одржаа во Париз. За жал, не успеа да освои норма за ОИ.

Сепак, овие резултати му овозможија пласман во топ 50 каратистите на Ранг листата на ВКФ, со што му се овозможува настап на Премиер лигите, каде што настапуваат најсилните и може да се каже дека конкуренцијата е посилна и од СП. Петар со клупските другари Петар Спасеновски, Симона Заборска и Ангела Мојсовска ќе ги бранат боите на Македонија на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата од 18 до 20 февруари Фуџаријах-Обединетите Арапски Емирати. Ова е големо признание и за Макпетрол и за македонското карате.

Симона Заборска беше најсупешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, каде што го освои седмото место.

Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.

Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.
Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0. На шампионатот ќе настапија 596 натпреварувачи од 47 држави. Симона исто као и нејзиниот брат настапи и на Квалификациите за ОИ и на последниот турнир кој беше одржан во Париз за СП во Дубаи.

Младиот Стефан Стојановиќ стана европски младински првак  за 2021 година.
Тој во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изедначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Стојановиќ (+84 кг, У-21) на Балканското првенство во Риека, Хрватска, го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.

Да потсетиме дека на минагодишниот избор за „Спортист на годината 2020“ Роберто Ацковски од Макпетрол кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори беше избран за најдобар млад спортист на Македонија. Каратистот Петар Спасеновски  стана шампион на ЕП во У-21 во 2019. Глигор Петков се закити со сребрен медал ЕП за јуниори во 2019 година.

Успесите на каратистите на Макпетрол во услови на пандемијата на Ковид-19 добиваат уште повеќе на тежина, а тоа значи дека тренерите неуморно работат на техничко-тактичката подготовка, но и на одржување психо-физичката стабилност. Секако, зад овие успеси стои и компанијата Макпетрол која ги финансира сите подготовки и настапи, како на домашната така и на меѓународната сцена.
Како одраз на постигантите резултати каратистите на Макпетрол заслужено ги добија стипендиите на Агенцијата за млади и спорт, па така Симона Заборска е носител на стипендијата од светски категорија, а Ангела Мојсовска, Петар Заборски и Петар Спасеновски прогласени за спортисти со титула од меѓународна категорија на Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни