Поврзете се со нас

Англија

Тројца кандидати за наследник на Брус, веќе е остварен контакт со еден од нив

Објавено

на

„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Њукасл веќе ги разгледуваат опциите за ангажман на нов тренер кој ќе го замени Стив Брус на клупата на „Сент Џејмс Парк“.

Искусниот стратег денеска и официјално доби отказ од тренерската позиција во Њукасл и потоа веднаш порача дека тоа можеби е негова последна работа во кариерата.

Медиумите во Англија веќе почнаа да лицитираат со имиња на негов наследник, а „Скај Спортс“ објави дека веќе се остварени првичните котантки со некогашниот тренер на Рома, Пауло Фонсека.

Фонсека се поврзуваше и со клупата на Тотенхем, меѓутоа не се договори со управата на клубот, па сега сепак би можел да седне на клупа на некој премиерлигаш.

Освен Фонсека, имиња кои сериозно се во конкуренција за нов тренер на Њукасл се Еди Хау и Лусиен Фавре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни