Поврзете се со нас

Репрезентација

Тројца членови на македонската репрезентација се во изолација, добиле известување за „претпоставени позитивни резултати”

Објавено

на

Вечерва македонската репрезентација е гостин на Естонија во рамките на третото коло во Лигата на нации, но во пресрет на таа средба нашиот национален тим се соочува со одредени проблеми и тоа со коронавирусот.

Имено од ФФМ известија дека тројца членови на националниот тим (еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба) добиле известување за „претпоставени позитивни резултати” за присуство на вирусот Ковид-19.

Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред самиот натпревар со Косово и еден ден после мечот со Косово, односно пред заминување за Талин, добија негативни резултати од тестирањата направени во овластена лабораторија на УЕФА.

Исто така, репрезентацијата целиот овој период строго ги почитуваше и беа преземени сите мерки и препораки пропишани од УЕФА, но и од локалните власти.

Во врска со последниот случај, нашиот тим веднаш побара дополнително тестирање за тројцата членови на репрезентацијата, но за жал, во овој момент, тројцата мора да бидат изолирани во хотел, а фудбалерот нема да може да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар.

Во продолжение извршените тестирања од почетокот на подготовките за овие натпревари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни