Поврзете се со нас

Англија

Трој Дини распали: Што ќе ми направат ако не се вратам, ќе ми ги земат парите? Сум бил шворц и претходно, гајле ми е …

Објавено

на

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини распали во јавноста откако излезе „Проектот рестар“ со кој се планира продолжување на сезоната во Премиер лигата.

31 годишниот Дини не планира да се врати на терените, дури и тоа да биде одлучено во следните денови.

Дини преку видео порака на Инстаграм истакна дека дури и по цена да му ги земат сите пари, не планира да се врати во клубот.

– Не ни зборувам за фудбал во овој момент, зборувам за моето семејство и нивното здравје. Не сакам да го ставам моето семејство во ризик.

– Што ќе ми направат, ќе ми ги земат парите? Гајле ми е, и претходно бев без скршена пара, па тоа не ме вознемирува, -започна Дини, а потоа уште повеќе распали по англиската влада.

– Зборуваат дека нема да играме пред навивачи до 2021 година. Па, ако не е безбедно за навивачите на стадионите, како е безбедно  за играчите кои се таму?

-Кога има корнер, Вотфорд има 11 играчи назад, тоа значи 18 играчи во казнениот простор, а тоа не е социјална дистанца.

– Чудно е затоа што владата вели дека може да се вратиме на работа на 1 јуни, а не можеме да одиме на барбер до јули, -појасни видно растревожениот Трој Дини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни