Поврзете се со нас

АТП

Троицки за денот кога не можел да се помрдне на теренот: Ѓоковиќ ми мавташе со 100 евра од страна, но….

Објавено

на

Србија направи огромен подвиг и во 2010-та година за првпат во својата историја го освои Дејвис Купот, успех кој едноставно беше неминовен во ситуација кога нашиот сосед на располагање го имаше и го има еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот.

Новак Ѓоковиќ ја предводеше Србија до огромен успех пред 10 години, а навраќајќи се на незаборавните моменти од играњето заедно, Виктор Троицки се потсети на една анегдота која доаѓа една година по освоената „салатара“.

Во дадениот случај, станува збор за гостување во Шведска во 2011-та година во која Србија беше бранител на титулата, а во ситуација кога „орлите“ биле изразени фаворити, си дозволиле да „заглават“ до ниедно време пред последниот натпреварувачки ден.

– Има многу незаборавни анегдоти, но легендарна е онаа од Шведска. Јас и Типсаревиќ игравме сингл мечеви во петок и ги добивме бидејќи Шведска имаше слаб тим. Во сабота, дубл играа Ноле и Зики и тие нормално изгубија. Следниот ден, Типсаревиќ требаше да игра против непознат Швеѓанин и се чекаше само да го добие тој меч.

– Поради тоа, ние во саботата вечер излеговме во град и останвме до доста доцна. Веќе се разденуваше кога се враќавме, Типсаревиќ не беше со нас и спиеше во својата соба, а ние му пеевме под прозор. Добро е што не не слушна, бидејќи беше одморен и го доби мечот во недела. На крај, јас го играв последниот меч, не можев да одам, ниту лево, ниту десно. Бев практично мртов. Играв против дубл играч, Линдстед. Имаше добар сервис, а јас не можев да одам. Ми се смееја од страна, ми нудеа сто евра ако направам брејк. Ѓоковиќ ми мавташе со 100 евра, ми ги нудеше ако направам брејк. Не можев да се свртам на теренот, среќа што на крајот Линдстед го предаде мечот. Веднаш после тоа им реков да бегаме од теренот, не можев да стојам, – открива Троицки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни