Поврзете се со нас

АТП

Троицки: Тоа што му се случи на Ѓоковиќ во Австралија го нема ниту во фудбалот!

Објавено

на

foto:x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ 10 пати во својата кариера го освои Аустралијан Опен и минатата седмица жестоко се бореше да дојде до 11-от трофеј, но поради повреда на мускулот на крајот го предаде полуфиналето против Александер Зверев.

Наместо да биде испратен како голем шампион, Ноле доби свирежи од гледалиштето во Мелбурн откако се повлече од теренот, па на сцена мораше да стапи и Саша Зверев кој ја нападна публиката за разочарувачкиот однос.

Германскиот тенисер им држеше лекција на Австралијците откако се пласираше во финалето, а сега со коментар за оваа непријатна тема се јави и селекторот на Дејвис Куп селекцијата на Србија, Виктор Троицки.

– Ноле доби свирежи отккао се предаде, верувајте тоа не се случува во ниту еден спорт. Тоа не се случува ниту во фудбалот каде навивачите обично се најжестоки.

– Кога некој играч ќе се повреди во фудбалот, добива аплаузи дури и од противничките навивачи, никој не сака да гледа повредени спортисти. Сепак, за мене посебно изненадувачки е што доби свирежи после повреда во земјата во која го играше најдобриот тенис и во која освои 10 титули. Тоа беше целосно разочарувачки, не покажаа нималку почит кон него. Австралијците се полошо се однесуваат кон Новак, претходно не се случуваше вакво нешто, – потенцира Троицки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни