Троицки по грешките против Русија: Никогаш не сум доживеал ваков шок

troicki-djokovic

Српската дејвис-куп репрезентација загуби во четвртфиналето на завршниот турнир во Мадрид и тоа со драматичен пораз во игра на двојки против селекцијата на Русија.

Ѓоковиќ и Троицки пропуштија три меч топки во тај-брејкот против Рубљов и Хачанов, а причина пред се беа грешките на Троицки. Тој по мечот со искрена изјава открил како се чувствува.

– Искрено во шок сум, мислам дека не сум бил во ваков шок никогаш. Бевме толку блиску, се боревме, не знам што да кажам… Многу сам разочаран и ми станува се потешко како минува времето, ќе биде многу тешко да се опоравам од овој пораз.

– Јас погрешив во клучните моменти, Господ еднаш ми овозможи да бидам херој, да го освојам Дејвис купот, но сега се ми се врати – изјавил шокираниот Троицки.

Facebook Коментари