Поврзете се со нас

Репрезентација

Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)

Објавено

на

Во траорна и максимално непосакувана атмосфера, македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир за квалификацискиот циклус кој стартува во месец март, па уште пред да дојде до било какви подготовки за двата натпревари кои следат, од Федерацијата се огласија дека актерите на македонскиот тим ќе имаат минимален контакт со јавноста и новинарите, се тоа како последица на големата трагедија која вчера се случи во Кочани.

Селекторот Благоја Милевски прозиваше денеска за првпат после кусиот собир кој го имаше националниот тим, па вечерва беше одбработен и првиот тренинг пред натпреварите со Лихтенштајн и Велс.

Прво на програмата ќе биде гостувањето во Вадуц на 22-ри март, а на пет дена пред одигрувањето на мечот кој е закажан за в сабота, репрезентацијата ја искажа цела тага што ја чувствува за вчерашниот хорор во Кочани.

– Обединети во тагата! Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир. Македонска А репрезентација, – гласи пораката која е испратена по одработениот тренинг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни