Трофејот за најдобар џудо-клуб за пионери патува за Ресен

dzudo kompozicija 2017

Со четири златни и еден бронзен медал, џудо клубот „Преспа“ е прогласен за најуспешен во категоријата на учесници до 15 години на викендов одржаниот меѓународен турнир „Прилеп Опен“, во организација на клубот Пролетер.

Златните медали ги освоја Ангела Боровчанин (до 36 кг.), Емилија Поповска (до 48 кг.), Кристина Мишевска (до 52 кг.) и Лилјана Недановска (до 57 кг.), додека Стефан Тошковски освои бронза (до 46 кг.).

Дополнително, успехот на ресенскиот клуб е зголемен за уште 10 други медали во помладите категории: кај помладите пионери Елена Поповска (сребро, -48 кг.), Трифун Лазаревски (бронза, -55 кг) и Лилјана Недановска (злато, -56 кг.), додека во детската категорија тоа се Георгина Стефановска (злато, – 42 кг.), Борјан Лабачевски (злато, -25 кг.), Александра Фузевска (сребро, +43 кг.), Ана Стојчевска (сребро, -28 кг.), Тодор Лабачевски (бронза, -22 кг.), Ангел Радевски (бронза, -25 кг.) и Горјан Лабачевски (бронза, -28 кг.).

Facebook Коментари