Трофејот од Лига Европа украден во Мексико

ligaevropa-trofej

Мексиканската полиција денеска потврди дека трофејот од европскиот фудбалски куп Лига Европа бил украден во градот Леон, каде бил дел од неименуван спонзорски настан.

Одговорните велат дека трофејот бил украден додека се наоѓал во транспортно возило, но полицијата успеала да го пронајде само неколку часа подоцна.

Европската фудбалска федерација досега потенцирала дека на вакви промотивни турнеи испраќа реплики на оригиналниот трофеј, но мексиканските медиуми потенцираат дека е сомнително што полицијата побрзала да објави фотографија од пронајдениот трофеј.
За трофејот во Лига Европа останаа да се борат уште четири екипи, а победникот ќе го подигне на 16. мај во Лион.

Facebook Коментари