Репрезентација
Трофејниот Станковиќ ќе биде дел од стручниот штаб во македонската футсал репрезентациј
Трофејниот хрватски тренер и поранешен селектор на футсал репрезентацијата на Хрватска, Мато Станковиќ ќе биде дел од стручниот штаб во нашата најдобра футсал селекција.
Станковиќ ја прифати поканата од селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски да биде дел од нашиот тим на квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија е во групата 4 со репрезентациите на Романија, Србија и БиХ. Квалификациите ги отвораме на 28. јануари со меч против Босна и Херцеговина во Зеница.
Мато Станковиќ ја предводеше репрезентацијата на Хрватска на три Европски првенства. 2012 година, „коцкестите“ предводени од Станковиќ стигнаа до полуфинале на континенталниот собир кој се играше во Хрватска. Беше селектор на националниот футсал тим на Либија од 2006. до 2010. година, предводејќи ги либијците до место на Светското првенство во Бразил, а за прв пат во својата историја станаа африкански шампиони 2008. година.
На клупски план, со МНК Сплит освои седум титули во националното првенство и осум титули во футсал Купот на Хрватска. Под водство на Станковиќ, Сплит го постигна најголемиот успех во футсал Лигата на шампиони, освојувајќи го третото место.
– Најпрвин сакам да кажам дека навистина ми е драго за нашата соработка. Во блиското минато имавме многу заеднички натпревари, станавме вистински пријатели со луѓето од македонската репрезентација, работевме на анализи и подготовки за важни натпревари и овој нов предизвик е еден вид начин да ја искажам почитта нѐ само кон селекторот Васко Скендеровски, туку и кон Фудбалската федерација на Македонија.
Целта е да помогнам да се направи вистинскиот чекор во ситуација кога футсалот во Македонија е на пресвртница. Најдобрите моменти македонскиот репрезентативен футсал ги имаше пред три или четири години, а сега ќе се обидеме да се вратиме на тој посакуван правец. Јасно ми е дека нема да биде воопшто лесно, но за мене е битно да бидеме организациски и играчки на посакувано ниво. Во животот не сакам да ветувам големи работи, мојот план е долгорочен и се надевам дека доколку ја имаме вистинската поддршка ќе го реализираме предвиденото.
Нѐ очекуваат тешки натпревари во квалификациите, отвораме со натпревар против БиХ во Зеница, на домашен терен босанците се секогаш опасни против било кој состав, но тоа е можност да видиме кој е нашиот квалитет во моментов. Србија е топ фаворит во групата, а Романија е селекција со неколкумина натурализирани играчи во составот, но нѐ е на нивото од пред неколку години кога беа навистина силни, –изјави Мато Станковиќ.
-
Македонијапред 17 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 23 часа
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 21 час
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Германијапред 10 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Англијапред 22 часа
Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила