„Трофеј на шампионите“: Лазаров и Нант го потиснаа ПСЖ на Раул на последното место

nant-timska

Нант во чии редови настапува Кире Лазаров го освои третото место на традиционалниот турнир „Трофеј на шампионите“ на кои настапуваат четирите најдобри француски екипи пред почетокот на новата сезона.

Европскиот вицешампион одигра 34:34 во регуларните 60 минути против ПСЖ, по што следуваа пенали, а решавачкиот го промашил Сагосен, по што екипата предводена од македонскиот селектор Раул Гонзалес го заврши турнирот на четвртото место.

Во поразениот тим најдобар реализатор бил Ремили со 9 голови, додека во составот на Нант, листата на стрелци ја предводат Ривера со 12 и Балагер со 10 голови.

Во финалето на турнирот ќе играат Монпелје и Ст. Рафаел.

Facebook Коментари